За да си го олесните животот, кога е во прашање користењето на бањата, постојат многу трикови кои и тоа како можат да ви се најдат.
Дали вашиот мијалник е премал за во него да наполните кофа со вода? Постои интересно решение. Кофата ставете ја долу под мијалникот (не буквално под него), земете од оние пластички лопатки за собирање ѓубре, ставете ја така што водата од широкиот дел ќе оди низ тесниот држач и ќе паѓа надвор од мијалникот директно во кофата. Така сама ќе се наполни без проблем.
Можеби се гадите со раце да ја фаќате даската од ВЦ школката? Ова може да биде проблем ако не живеете сами. Има решение и за тоа. На долниот дел од даската залепете една лажичка и потоа ќе ја кревате и спуштате со неа, без никогаш повеќе да ја допрете даската.
Со две ластичиња околу пластичниот држач на сапун направете лежај за сапунот да не се допира до дното и да не се „лигави“. Ем помалку за чистење, ем заштеда на сапун.
Слушалката од тушот веројатно се наполнила со бигор штом млазот слабо тече. Во кесичка ставете оцет, заврзете ја околу слушалката и оставете ја така 20 минути. Оцетот ќе го исчисти бигорот и млазот повторно ќе тече нормално.
Славината изгледа валкано? Тоа е од капките вода кои се сушат на неа. Со обично крпче треба многу да се потрудите за да ги отстраните, но доколку ја намачкате со паста за заби чистењето ќе биде песна.
Веројатно веќе го знаете трикот со чистење ВЦ школка со Coca-Cola. Да се потсетиме и на него, корисен е.
И уште многу корисни трикови од тимот на 5-Minute Crafts:
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.