30 мин помалку спиење доведува до дијабетес

Губењето на само половина час сoн секој ден може да ја зголеми веројатноста од развој на дијабетес и дебелина, покажува најновото истражување.
Истражувањето финансирано од британското Министерство за здравство, покажува дека кај луѓето кои губат по 30 минути спиење секојдневно за време на работните денови, е 72% поголема веројатноста да се здебелат и да страдаат од други поврзани проблеми со вишокот килограми.
Оние кои се борат со недостатокот на сон над шест месеци, значително го зголемуваат ризикот од инсулинска резистенција, што може да доведе до преддијабетна состојба и поголем ризик од развој на дијабетес тип 2.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.