30 милиони долари награда за оној што ќе открие што се случило со малезискиот авион

Германската компанија  „Вифка“ (Wifka), за истражување на измамите во осигурувањето понудила 30 милиони долари награда за оној кој ги има информациите за уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ кој кон средината на јули се урна во Украина, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипаж. Компанијата ја ангажирал анонимен клиент.- По ужасната катастрофа, сите политички партии во земјата и во странство им се извинувале на жртвите, нивните семејства и јавноста бидејќи им го должат разрешувањето на околностите за падот, но разрешување нема – објавила „Вифка“ на својата страница.
Авионот од Амстердам летал кон Куала Лумпур, а урнат е на 17-ти јули додека летал над источна Украина, областа каде што моментално траат конфликтите помеѓу украинската регуларна војска и проруските сепаратистички сили. Утврдено е дека е погоден со проектил, но не и кој го испалил, украинската или проруската страна.
„Вифка“ ги бара следните информации и докази: Кој го урна MH17, кој ја издал наредбата, кој ги прикрива доказите, кој е директно одговорен, што се случило со војниците кои пукале на авионот и имињата на луѓето кои биле одговорни за прикривање на целиот случај.Покрај пари, компанијата на личноста со „вистински одговори” ѝ нуди и нов идентитет. Агенцијата препорачува заинтересираните да бидат крајно внимателни и да ги контактираат преку адвокат за да договорат состанок. Комуникацијата преку телефон или електронска пошта не се препорачува.- По ужасната катастрофа, сите политички партии во земјата и во странство им се извинувале на жртвите, нивните семејства и јавноста бидејќи им го д

Пронајдете не на следниве мрежи: