петок, 27 ноември 2026
Најново

30 тони сол фрлени на улиците во Кисела Вода

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

30 тони сол фрлени на улиците во Кисела ВодаОпштина Кисела Вода фрли 30 тони сол низ улиците, чие одржување е во нејзина надлежност. Со специјализирани возила  за зимско одржување, се чистеше и во текот на вчерашниот и на денешниот ден.Покрај фирмата “Анизор” која беше ангажирана од страна на општината, во справувањето со снежните наноси се ангажирани и сезонски работници, а на терен, без престан е излезен и кризниот штаб од општината. Се расчистија и приодите околу градинките и училиштата, како и автобуските постојки каде вообичаено има повеќе луѓе. Со цел непречено одвивање и намалување на проблемите во сообраќајот, акцијата за расчистување на снегот и замрзнатите површини продолжува.Екипите на зимската служба на општината се подготвени со доволно сол и за нови поголеми врнежи од снег. Тие ќе ја следат состојбата и понатаму и доколку се појави потреба ќе реагираат согласно со условите на теренот.Општина Кисела Вода апелира до граѓаните да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради, што е нивна законска обврска, со што ќе се овозможи проодност и непречен пристап до објектите.Општина Кисела Вода фрли 30 тони сол низ улиците, чие одржување е во нејзина надлежност. Со специјализирани возила  за зимско одржување, се чи

Поврзани вести