Дисциплински постапки против Вардар и Пелистер

ФФМ започна дисциплинска постапка против екипите на Вардар и Пелистер поради нередите и инцидентите што се случија на меѓусебното дерби на Арената Филип Втори.

СЕ ПОВЕДУВА дисциплинска постапка против ФК Вардар Скопје ,поради недолично однесување на своите навивачи и влегување во терен за време на полувремето на натпреварот со ФК Пелистер Битола во 8 коло од Прва МФЛ. Се задолжува ФК Вардар Скопје– овластено лице на клубот да достави писмена изјава околу овој настан во рок од 3(три) дена од денот на приемот.

СЕ ПОВЕДУВА дисциплинска постапка против ФК Пелистер Битола ,поради недолично однесување на своите навивачи и влегување во терен за време на полувремето на натпреварот со ФК Вардар Скопје во 8 коло од Прва МФЛ. Се задолжува ФК Пелистер Битола– овластено лице на клубот да достави писмена изјава околу овој настан во рок од 3(три) дена од денот на приемот.

 Превземено од: ffm.com.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: