Почина сопственичката на „Божен козметикс“

Loading...

Божен Жумбор, сопственичка на познатата линија на козметички производи „Божен козметикс“ почина во својата куќа во Белград, по долга и тешка болест, јавија во четврток српските медиуми.

 

Потврдата за смртта на Жумбор на твитер ја објави нејзината кума, водителката Драгана Катиќ.

Жумбор е родена во Копривница во Хрватска, каде живеела со баба и Катарина до 12 година, по што заминала кај своите родители кои живееле во Холандија, во Ротердам.

Во Србија првпат дошла на почетокот на 1980-те кога во име на седум илјади Југословени донесе помош за сестрите Чуљак кои премрзнале во снежна бура и се лекувале на ВМА во Белград.

Фирмата „Божен Козметикс“ ја основаше во Белград во 1991 година. Произведуваше препарати на база на алги и лековите билки, а во асортиманот денес има преку 80 различни производи.

Божем Жумбор беше голема хуманистка и цел живот им помагаше на децата и луѓето кои имаа проблеми со здравјето и парите.

Белград 05.10.2012 (Макфакс)

loading...
Loading...