Поранешен грчки министер се обеси по истрагата за корупција

Поранешниот грчки заменик министер за внатрешни работи, Леонидас Цанис (57) во четврток бил пронајден обесен, откако неговото име се појави на листата на политичари кои се под истрага поради можно затајување на данок, пишуваат грчките медиуми.

Цанис, кој бил адвокат, а пред десет години беше заменик министер за внатрешни, бил пронајден  мртов во својот дом во градот Волос во централна Грција, јави АФП.

Грчкиот министер за финансии, Јанис Стурнарас минатиот месец изјави дека властите истражуваат повеќе од 30 случаи во врска со имотот и даночните обврзници на политичари, општински одбори и други работници од јавниот сектор.

„Цел на истрагата е да се открие корупцијата и да се избориме против неа на сите нивоа на власта“ рече министерот.

Шефот на грчкиот парламент Евангелос Меимараракис привремено ја отстапи функцијата минатиот месец, по написите на грчките новинари дека тој е еден од политичарите кој се сомничи за перење на пари.

Меимараракис во четвртокот се врати на должноста, откако беше соопштено дека не е поврзан со било какви малверзации.

Атина 05.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: