Обама го враќа ударот по поразот во тв дебатата

Ден по лошиот настап во телевизискиот дуел, американскиот претседател Барак Обама го возврати ударот на својот републикански противкандидат Мит Ромни, а неговиот изборен штаб најави дека ќе го научи урокот од поразот од соочувањето во средата навечер.

Борбениот демократкси претседателски кандидат Барак Обама на партискиот собир во Медисон, во американската сојузна држава Висконсин, порача дека Мит Ромни во текот на соочувањето пред телевизиските камери не ја зборувал вистината. „Кога излегов од сцената, сретнав храбро момче коешто тврдеше дека е Мит Ромни“, рече Обама.

„Но тоа не можеше да биде Мит Ромни, бидејќи вистинскиот Мит Ромни е растрчан низ земјава последнава година ветувајќи пет билиони долари даночно олеснувања во позла на најбогатите. Момчето од сцената рече дека не знае ништо за тоа“, изјави актуелниот претседател на САД.

Често критикуван дека е крут, републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни во текот на дебатата имаше агресивен настап што на крајот му овозможи да донесе позитивни резултати во неговата кампања и анкетите по серијата чекори наназад последните седмици. Обама, кој на дебатата во Денвер, изгледаше заморен и безволен, не ја искористи можноста да го нападне својот противкандидат поради негова најконтроверзна изјава дадена во последно време за „47 отсто Американци“ коишто живеат на државна сметка и коишто сигурно нема да гласаат за него.

А три седмици откако потајно снимената изјава од еден партиски собори се појави во јавноста, Ромни во интервју за телевизиската мрежа Fox News во четвртокот рече дека целосно се откажува од неа. „Во кампањата со стотици, ако не и илјадници говори и прашања на коишто мора да одговорите, понекогаш ќе најдете нешто што нема да излезе добро. Мојата изјава за 47 отсто беше сосема погрешна“, рече Ромни.

Дуелот меѓу Обама и Ромни ја следела 67,2 телевизиски гледачи во САД, што е за 28 отсто повеќе отколку што ја следеа дуелот на претседателските кандидати за претходните избори меѓу Барак Обама и Џон Меккејн. Воедно тоа беше и најгледаниот дуел од онаа меѓу Роналд Реган и Џими Картер во 1980 година.

Со двете претстојни дебати коишто ќе се одржат пред изборите на 6-ти ноември, изборниот штаб на Барак Обама најавува дека ќе ја прилагоди стратегијата темелејќи се на резултатите од првото соочување. Дел од таа стратегија ќе биде да се нападне Мит Ромни за, како што тврдат демократите, невистинитите тврдења коишто ги изнел за својот план за даночниот систем, програмата Медикер и планот за намалување на дефицитот, коишто се различни од оние коишто досега ги изнесуваше во својата кампања.

„Очигледно е дека ќе мораме да се прилагодиме на неискреноста на Ромни. Тешко е да се присетите дека кој и да е во американската политика бил номиниран за претседателската функција и толку фундаментално неискрено зборувал за основата на својата изборна платформа“, изјави Деквид Плуф, советник за избори на Барак Обама.

Вашингтон, 05.10.2012 (Макфакс) 

Пронајдете не на следниве мрежи: