Братот на Бербатов фатен со кокаин

Асен Бербатов, брат на познатиот бугарски фудбалер Димитар Бербатов е уапсен во четвртокот откако при сообраќајна контрола на возило со кое патувал се откриени 20 грама кокаин, јави Бгнес.

Бербатов бил запрен од сообраќајна полиција во четвртокот околу 18:30 часот по локално време на територија на Ќустендилската област. При проверката во автомобилот е откриен плик со бела прашкаста материја, која според првичните тестови е кокаин.

Сопственикот на автомобилот и сопатникот Бербатов се привидени. Истрагата е во тек.

Инаку, Димитар Бербатов, е член на англискиот фудбалски клуб Фулам.

Софија 05.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: