Примера, седмо коло: „Ел класико“ во недела

 

Натпреварот помеѓу Селта и Севилја, во петок, ќе го отвори седмото коло во фудбалското првенство на Шпанија.

Селта е повратник во елитното друштво во шпанскиот фудбал, во првите шест кола има две победи и четири порази. 

Севилја, во новото првенство нема пораз на гостински терен, а со 11 бодови се наоѓа на четвртото место на табелата. 

Седмата првенствена рунда во Шпанија ќе мине во знакот на „Ел класико“ дербито, вечната пресметка на Барселона и Реал. 

Барса, која има максимални 18 бодови про првите шест кола се соочува со сериозни кадровски проблеми во дефанзвната линија, капитенот Пујол во вторникот ја повреди раката на мечот со Бенфика во Лигата на шампиони, додека Жерард Пике сеуште не се рехабилитирал од повредата, но не е исклучено тој да заигра на овој дуел. 

Реал, во шест кола има веќе два порази, екипата на Мурињо има освоено 10 бодови, а во дербито влегува со две победи во три дена, во кои на Ла Коруња и Ајакс им испорачаа пет односно четири погодоци. 

Мурињо ги има сите играчи на располагање за овој натпревар. 

Петок, 5. октомври:
Селта-Севилја

Сабота, 6. октомври:
Рајо ваљекано-Депортиво ла Корња
Сарагоса-Хетафе
Ваљадолид-Еспањол
Бетис-Реал Сосиедад

Недела, 7. октомври:
Леванте-Валенсија
Мајорја-Гранада
Атлетик Билбао-Осасуна
Барселона-Реал Мадрид
Атлетико Мадрид-Малага.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: