Шпанската полиција соопшти дека во четвртокот уапсила момче коешто планирало масивен бомбашки напад на Универзитетот Мајорка.
Во градот Палма де Мајорка е уапсено 21-годишно момче кое преку интернет нарачало 140 килограми експлозив се со цел да изврши масакр на Универзитетот Мајорка.
Во соопштението на шпанската полиција се наведува дека полицијата го следела пет месеци Хозе Мануел кој на својот интернет пишувал за две момчиња кои на 20-ти април 1999 година извршиле масакр во гимназијата во американската сојузна држава Колумбија, кога беа убиени 13 лица. Момчето пишувало дека планира да изврши ист таков напад и потоа да се самоубие, според примерот на споменатиот инцидент во САД.
Хозе Мануел ЈС бил вклучен во обложувања, хазардни игри и игри на среќа преку интернет, а во четвртокот наутро нарачал 140 килограми експлозив, по што и бил уапсен. Во петок тој треба да биде изведен пред судот.
За овој случај изјава даде и шпанскиот министер за внатрешни работи, Хорхе Фернандез Диаз, кој рече дека е успешно спречена трагедија. „Уште еднаш се докажа способноста на нашата полиција да се грижи за граѓаните и нивната безбедност“, рече министерот Диаз.
Мадрид, 05.10.2012 (Макфакс)
Пронајдете не на следниве мрежи: