Вебер и Батон најбрзи на тренинзите во Сузука

 

Пилотот на Ред Бул, Марк Вебер, забележа најбрзо време на вториот тренинг во пресрет на квалификациите и трката за Големата награда на Јапонија, која се вози во Сузука.

Најбрзиот круг кој го извозе Вебер изнесуваше 1:32.493 минути. 

Зад Австралиецот се пласира Луис Хамилтон на Мекларен, кој за две десетинки имаше послабо време од Вебер. Зад овие двајца следуваа Себастијан Фетел Ред Бул (1:32.836), Нико Хулкенберг (Форс Индија), Фернандо Алонсо (Ферари), Роман Грожан (Лотус) и Џенсон Батон (Мекларен) кој на првиот тренинг беше најбрз со време 1:34.507. 

Квалификациите по кои ќе биде познат редоследот на стартот, на неделната трка, ќе се возат во сабота со почеток во 7 часот по средноевропско време. 

Трката за Големата награда на Јапонија, во Сузука ќе стартува во недела во 8 часот по средноевропско време.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: