Поголема комуникација за спречување насилство на спортски терени

Loading...

 

Националното координативно тело за спречување на насилството на спортските терени во петок одржа седница на која заседаваше за последните спортски инциденти и за преземање идни активности за спречување на спортските инциденти.

Од таму ги осудија последните инциденти од натпреварот помеѓу ФК Вардар и ФК Пелистер.

 

Поради избегнувањето на вакви настани во иднина, телото побара целосно почитување на Законот за спречување на насилството и недоличното однесување на спортските натпревари и на одредбите од Европската конвенција за насилството и недостојното однесување на гледачите за време на спортските натпревари, особено на фудбалските натпревари.

 

Телото упати апел до инволвираните субјекти при организација на големи спортски настани каде што евентуално се очекува насилство на гледачите, полициските авторитети, националните спортски федерации, спортските клубови и останатите спортските чинители да пристапат кон размена на податоци за потенцијалните проблеми.

 

Од таму велат дека се задоволни од одлуката за забрана за носење навивачи, која е донесена од ФФМ на предлог на подрачната единица на МВР од Тетово.

 

Макфакс

loading...
Loading...