Полицијата им се заканувала на адвокатите на Карабатиќ?

Loading...

 

Француските медиуми детално го следат развојот на настаните во случајот со обложувачкиот скандал, кој до темел го потресе нивниот ракомет.

Никола Карабатиќ и уште неколку репрезентативци, носители на златен олимписки медал, наводно се обложиле на пораз на сопствениот тим, во момент кога нивниот тим веќе ја обезбедил шампионската титула.

Против нив се подигнати обвиненија поради сомнение дека учествувале во местење на натпреварот со Рен, одигран во мај годинава, но и поради кршењето на законот, според кој професионалните спортисти не смеат да се обложуваат. 

Додека играчите од слобода го чекаат почетокот на судењето, медиумите ги анализираат нивните изјави. 

Новинар на францускиот „RTL“ ги преслушал меѓусебните разговори на играчите и нивните девојки, кои ги воделе по избивањето на скандалот. Наводно тие се договарале што да изјават пред полицијата и судот, меѓутоа тие разговори ги снимиле истражителите. 

Снимените разговори би можеле да бидат искористени како доказ во судската постапка. 

Во меѓувреме, адвокатите на Карабатиќ, Жан-Роберт Фунг и Ерик Дупон-Морети пријавиле полициски закани. 

Наводно на еден од адвокатите полицајците му рекле: „Ќе станете познат како адвокат кој го испратил Никола Карабатиќ во затвор. Тоа не ви е добро за кариерата. Добро размислете пред да го посетите својот клиент. Нека судот му додели адвокат. Пред малку разговаравме со судијата и тој е лут на вас“.

 

Макфакс

извор: index.hr

loading...
Loading...