Американската војска објави дека сите тенкови Абрамс од американско производство што администрацијата на Бајден му ги вети на Киев се пристигнати во Украина.
Во Украина пристигнаа 31 тенк, како и сите Украинци кои беа обучени на нив, заедно со муниција и резервни делови за тенковите, изјави полковникот Мартин О’Донел, портпарол на американската армија за Европа и Африка.
„Го исполнивме нашиот крај на зделката. Од овој момент, на нив останува да одредат кога и каде ќе ги покажат своите способности“, додаде О’Донел.
- Левица: Власта да ја поддржи интерпелацијата за Илире Даути
- INFOMAX.MK
- Цените на угостителските услуги се зголемени за 6.1% за една година
- Денеска се празнуваат Светите Дваесет илјади никомидиски маченици
- Бајден ги проширува санкциите против оние кои му се закануваат на Западен Балкан и ги поткопуваат повоените договори
- Без виза влегуваме во 129 земји – Македонскиот пасош 40-ти меѓу светските патни исправи
- Новиот Деловник на Собранието за власта добар, за опозицијата механизам за нивно задушување
- Приведен 31-годишник од Криволак за агресивен однос кон лица од Шумска полиција
- Приведени двајца стружани поради предизвикување семејно насилство
Воените претставници велат дека може да помине одредено време додека Абрамс да бидат испратени на бојното поле, бидејќи Киев допрва треба да одлучи кога и каде да ги користи.
„Мислам дека Украина ќе размисли кога и каде ќе ги користи“, рече О’Донел. „Тенкот „Абрамс“ е пеколно оклопно возило, но не е сребрен куршум. На крајот на краиштата, решителноста на Украина да се пробие е најважна“.
Ветувањето на САД за донирање тенкови на Украина беше проследено со ветувањата на европските земји дека ќе испратат германски тенкови „Леопард 2“. Германија не сакаше да ја одобри оваа одлука додека Америка не објави слично ветување.
Првата земја што се согласи да испрати тенкови во Украина беше Велика Британија, која вети тенкови од своето производство.
Украина побара стотици западни тенкови за нејзината офанзива. До денес имаат добиено десетици, а добар дел од нив се уништени од руските сили.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.