Кираџиев ќе учествува на СП во полумаратон

Loading...

 

Во сабота, во Каварна, Бугарија ќе се одржи 20-то Светско првенство во полумаратон.

Македонски репрезент на Мундијалот во полумаратон ќе биде Александар Кираџиев, членот на АК Безбедност од Скопје. 

Кираџиев оваа сезона на полумаратонската трка во Прага го истрча својот најдобар резултат еден час, 14 минути и 56 секунди. 

Македонскиот репрезентативец очекува на трката во Бугарија да истрча нов личен рекорд. 

На Светското првенство учество ќе земат 180 атлетичари од 46 земји.

 

Макфакс

извор: фото afm.com.mk

loading...
Loading...