Германија и замери на Србија за Парадата на гордоста

Министерството за надворешни работи на Германија во петокот соопшти дека нема разбирање за одлуката на српските власти да го откажат одржувањето на Парадата на гордоста.

„Со голема загриженост гледаме на веста за ненадејното откажување на Парадата на гордоста која бече планирана за во сабота во Белград. Немаме разбирање за тоа што српските власти ниту оваа година не се во состојба да обезбедат безбедност за учесниците на парадата“, стои во соопштението на германското МНР.

Притоа се апелира до српската влада да „ги преземе сите чекори за спроведување на уставните слободи и правата на малцински групи, особено на слободата на мислењето и собирањето“.

„Заштитата на граѓаните од дискриминација врз основа на нивната сексуална определба е обврска која за Србија, како членка на Советот на Европа, произлегува, меѓудругото, и од европската Повелба за човекови права. Од тука се повикува српската влада да го казни насилството и заканите против претставниците на ЛГБТ популација и нејзините манифестации, а иницијаторите да ги повика на одговорност“, се вели во соопштението.

Српското министерство за внатрешни работи во средата поради безбедносни причини го забрани одржувањето на Парадата на гордоста и сите останати собири.

Берлин, 05.10.2012 (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: