Британија го предаде Абу Хамза на САД

Велика Британија во петокот навечер го предаде на САД исламскиот радикал Абу Намза ал-Масри, откако тој ја загуби осумгодишната борба со британското правосудство да го избегне предавањето. 

 

Египќанецот Абу Хамза ал-Масри од американските власти е обвинет дека ја поддржува глобалната терористичка организација Ал Каеда, дека помагал во еден грабеж во Јемен, како и дека учествувал во организирање камп за обука за герилско војување на територијата на САД.

 

Овој 54-годишен едноок проповедник стана озлогласен откако ги фалеше нападите врз САД од 11-ти септември 2001 година, а ја водеше џамијата во северниот дел на британската престолнина Лондон за која британските власти тврдат дека е расадник на исламистички радикализам.

 

Во петокот двајца судии на лондонскиот висок суд го одбија неговото барање постапката на предавањето на американските власти да се одложи, за да може на ал-Масри да му бидат извршени прегледи на мозокот. Неговите адвокати велат дека тој преглед би покажал дека Абу Хамза не е погоден за предавање на САД.

 

Лондон 06.10.2012 (Макфакс) 

Пронајдете не на следниве мрежи: