Албански бизнисмен мнозински газда на приватизираната „Албетрол“

Во Тирана се обелоденети имињата на новите газди на „Албпетрол“, која беше купена од страна на конзорциумот од САД „Ветро Енерџи“.

Најмногу акции сепак има еден познат албански бизнисмен. Станува збор за Резарт Тачи, актуелниот газда на „Армо“, кој има 51 отсто од акциите во конзорциумот со својата компанија „Хипо Оил“, регистрирана во Сингапур.

Во конзорциумот е и американската компанија „Силк Роуд“, која има 49 отсто од акциите.

„Албпетрол“, последната стратешка државна компанија се продаде за 850 милиони евра.

Бизнисменот Резарт Тачи на сличен начин го откупи и државното претпријатие „Армо“ во 2008 година.

Резарт Тачи воедно е и сопственик на албанската национална телевизија „Албениан Скрин“, поранешна „Алсат“.

Тирана, 06.10.2012. (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: