Започна „Парада во четири ѕида“, центарот на Белград под полициска опсада

Собирот под назив „Парада во четири ѕида“, чие организирање е најавено по забраната на Парадата на гордоста, започна во сабота во белградскиот Медија центар, под големо полициско обезбедување.

На „парадата во четири ѕида“ присуствуваат и шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Србија Венсан Дежер и шведската министерка за европски прашања Биргита Улсон.

За време на двочасовната програма на „Парада во четири ѕида“ се очекува поддршка и присуство на јавни личности и претставници на меѓународната заедница.

Министерството за внатрешни работи во четвртокот го забрани одржувањето на Парадата на гордоста и сите други собири закажани за сабота, а организаторите на Прајдот заради оваа одлука најавија дека ќе се обратат до уставниот суд.

Српските власти ја забранија Парадата и минатата година, а во 2010 година парадата на гордоста заврши со судири меѓу полицијата и ултранационалистичките групи во кои беа повредени 150 луѓе.

Белград, 06.10.2012. (Макфакс)

Пронајдете не на следниве мрежи: