Цел албум Peter Gabriel – So у хај кволити

Рековме дека ќе ви понудиме квалитетен материјал за слушање кај нас. Дека ќе ги издвиоме најдобрите албуми и уметници кои може да се пронајдат на нет. И го држиме ветувањето, по Пинк Флојд и Дајар Стреитс, денеска ви го предлагаме Питер Габриел, односно неговиот албум „SO“.

 

Ова не негов петти албум, снимен во далечната 1986, а кој звучи како да е снимен вчера.

Временската ограниченост не постои, всушност е надмината со генијалноста на комбинирањето на хармониите. Дел од песните беа популарни радиски хитови, како например најпознатиот Слеџ Хамер, додека дела од албумот ја отсликува темната, експериментална страна на Питер.

Самиот Гејбриел вака го опишува овој период и начин на работа – „Сакав да имам популарни песни, а да ја задржам посебноста и правото на експериментирање во музиката кое ме вади надвор од маинстримот“. Овој албум е токму тоа, спој на двете крајности.

Овој албум е најродаваниот на Питер, кој постигна број еден во Британија и број 2 на Билборд топ 100. Веувајте вреди да се преслуша. 

Пронајдете не на следниве мрежи: