Металург си поигра со Горење

 

Ракометарите на македоснкиот шампион Металург во сабота, во полната сала „Борис Трајковски”успеа да го совлада словенечкиот претставник во чигата на шампионите Горење Велење со повеќе од убедливи 30-23.

Ова е втор триумф по ред за „металурзите” во Лигата на шампионите со што го потврдија барањето на нивниот тренер Лино Червар, да ја потврдат победата над Шамбери од првото коло со победа над Горење.

 

Ракометарите на Металург доминираа од првиот до последниот момент не дозволувајќи силниот противник да стигне до изненадување.

 

Првите минути од натпреварот започна без голови, со грешки и одбрани на двете страни, веќе по првата половина од првото полувреме кога на семафорот стоеше резултатот 10-3 што како резултат на одличните одбрани на голманот Дарко Станиќ и брзите контранапади, се гредаше супериорноста на Металург.

 

Пред крајот на полувремето Металург дојде и до плус осум голови (13-5), а највисоката предност ја имаше во 40. минута кога на семафорот стоеше резултатод 20-11.

 

Секако, следуваше мал период на опуштање во редовите Металург по што позитивата се намали на само пет голови (25-20).

 

`Металурзите` се созедоа и ја покажаа својата првична игра повторно што значеше и конечна победа, која ги отвора вратите од осминафиналето за македонскиот ракометен шампион.

 

Манасков и Георгиевски со по седум голови беа и стоотстотен учинкот беа најефикасни во редовите на Металург, а Наумче Мојсовски постигна пет погодоци.

 

Голманот Станиќ имаше 14 одбрани, а кај гостите најефикасен беше Безјак со осум голови.

 

Ракометарите од „Автокоманда” следниот натпревар го играат со дански Силкеборг на 14 октомври во Данска.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: