Червар: Металург е најголемото изненадување во ЛШ

Loading...

Тренерот на Металург, Лино Червар е задоволен од натпреварот против Горење, одигран во сабота во салата „Борис Трајковски”, каде ги совладаа гостите со 30-23.

„Сега дури натпреварот во Шамбери има свое значење, два бода во Франција дури сега добиваат на тежина со овие четири бода”, рече Червар на прес-конференција по натпреварот.

„Игравме одбрана на чело со голманот. Многу добро функционираше одбраната 6 – 0 . Нападот беше многу интелигентен и стрплив, а кога требаше убрзан . Им дадовме доста голови од контра. Тоа е исто доказ за одбраната”, рече Червар.

 

Призна дека во второто полуврме од таа силна дисциплина во играта, малку паднаа во темпото , можеби и го изгубивме трението, но дека ништо не може да го расипе одличниот впечаток дека пружија врвна игра.

 

„Навистина мислам дека во овој момент, не знам колку ќе трае, но мислам дека најголемо изненадување во лигата на шампионите со својата игра. НИе ќе се потрудиме и во другите натпревари да дадемо се од себе, па што и да биде. Мислам дека најважно е нашата екипа да биде скромна да се бори да знае да се однесува, што и го покажавме”, рече Червар.

 

Но според хрватскиот стратет, сега не е време за опуштање и секој натпревар треба повторно да се докажуваат.
Смета дека ќе биде голема борба за првите четири места.

 

„Не треба да се отфрли екипата на Велење, мислам дека ќе бидат во конкуренција за првите четири места . Многу добра екипа, можеби денеска ги изненадивме. Бевме добро подготвени за нив, тактички ги анализиравме. Тоа е првак на Словенија, без пораз.”, рече Червар.

 

Крилниот ракометар Гоце Георгиев им честиташе на противничката екипа за фер и коректната екипа денеска .

 

„Доволно добар натпревар пруживме како и секогаш во „Борис Трајковски”. И во Лигата на шампионите се претставуваме во одлично светло. Како што видовте во секој сегмент о играта го надигравме противникот. Спречивме таа нивна транзиција од полуконтра во контра. Одигравме многу дисциплинирано во одбраната. Имаше полно истрчувања на полуконтри и контри од наша страна… Следи гостување во Данска. Треба добро да се подготвиме во текот на оваа недела. Со студени глави да заминеме таму. Овие четири и бода на почетокот на ЛШ навистина многу ни значат. Треба да продолжиме со исто темпо”, додаде Георгиев.

 

Тренерот на словенечката екипа Бранко Ташме исто така честиташе на екипата на Металург на победата на фер и коректната игра.

 

„Тие нас не победија на нашиот фазон на една навистина силна одбрана 6-0, која ја презентираа во првото полувреме и со тоа ни продадоа 12 чисти контри и тоа според мене беше клуч на денешниот напревар. Никако да ги фатиме конците на играта во целиот натпревар . Кога веќе нешто направивме 2, 3-0 секогаш Металург имаше одговор. Можев ме денеска да играме 5,6, 8 часа и не знам дали ќе го добиевме овој натпревар. Но добро. Знам дека на сите им е тешко да играат во Скопје”, рече Ташме.

 

Рече дека посакувале подобар натпревар од нивна страна, а тоа што играле без некои битни играчи, не е оправдување.

 

Најефикасниот словенечки играч Безјак рече дека Металург ги надиграл, особено со контрите.

 

„На голот го имаа и расположениот Дарко Станиќ. Бодовите ќе мора да ги бараме во следниот натпревар”, рече Безјак, кој смета дека и покрај поразот ќе имаат добра сезона.

Во следното коло Металург се среќава со дански Силкеборг, а Горење со Киелце.

 

Макфакс

loading...
Loading...