Еден загинат и шест повредени во експлозија на туристички брод во Грција

Еден човек загинал, а шестмина се ранети во саботата во експлозија на туристички брод во близина на островот Кос во Егејското Море, соопштија претставници на крајбрежната стража на Грција.

 

Загинал капетанот на бродот, Грк роден 1961 година, додека настрадале шест туристи од Германија, Белгија, Холандија и Грција, меѓу кои и две деца на 7 и 9-годишна возраст кои се хоспитализирани на источниот егејско остров со помали повреди. Другите 22 патника безбедно се истоварени во пристаништето Мандраки. 

 

Според грчката крајбрежна стража, бродот во моментов е закотвен на брегот и се спроведува истрага.

 

Според првичните информации причина за инцидентот е експлозија на еден од лажните топови што се монтирани на ваквите дрвени туристички бродови за да личат на пиратски. Сѐ уште не е јасно дали експлодирал барутот кој се користи за симулација на топовските истрели.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: