Сѐ повеќе хомосексуални ликови во американските серии

Бројот на хомосексуални и бисексуални ликови во телевизиската програма во САД во сезоната 2012/2013, е најголем досега, покажува студијата за правата на хомосексуалните лица GLAAD, а уделот на хомосексуалните ликови расте и на кабелските телевизии. 

 

Како што пишува весникот The Wall Street Journal, во 17-от годишен извештај „Каде сме на телевизијата“ објавен во петокот, аналитичарите наведуваат дека во тековната телевизиска сезона 4,4 отсто од актерите коишто редовно ќе се појавуваат во телевизиските серии во ударните термини ќе толкуваат хомосексуални, бисексуални или трансполови ликови. Тоа е повеќе од 2,9 отсто колку што биле во сезоната 2011/2012 година.

 

Во оваа студија биле анализирани 97 телевизиски програми со однапред напишани сценарија во претстојната сезона на американските телевизиски мрежа. Утврдено е дека меѓу 701 редовен лик 31 им припаѓаат на ЛГТБ групата, односно на геј, лезбиската, бисексуалната или трансполовата популација.

 

Најголем процент такви ликови има американската мрежа ABC, односно 10 од 194, а серијата на кабелската мрежа HBO „Вкусот на крвта“ останува и натаму серија со најмногу ЛГБТ ликови – шест. 

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: