АцеНЛ – Пиплс лав

Александар Павловски – АцеНЛ , дечкото од Ново Лисиче Бу-ДалО во последен период е доста активен на музички план. Пред месец дена ја слушнавме “Не мрази играчи” со Џоле, а неговото најново дело кое денес ви го претставуваме е “People’s Love”. 

“People’s Love” е снимена летово во Франција-Епинал, и истата е дел од проектот “Echange International”.

Песната ќе биде дел од најновиот негов албум ''Љубов и Разбирање” кој ќе се најде во продажба кон крајот на Декември оваа година.

На албумот оваа песна ќе има 2 дела.

“Нека делата бидат погласни од зборовите” ни пренесе – АцеНЛ.

Извор: themen.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: