Ексклузивно интервју: Сораја Вучелиќ – македонските момци се многу фини и пристојни

Првото  појавување во јавноста  беше на  „Велики брат“, пред тоа се занимаваше со моделство од кога и како започна тоа? 
-Од  моите  деветнаесет години се занимавам со фото моделинг  и се појавувам во многу музички спотови, но моето  прво вистинско појавување во јавност беше на „Велики брат“.  Од тогаш се се промени…
Која беше причината за твоето појавување во реалното шоу, тоа беше поради попоуларноста или сакаше да пробаш дали можеш да издржиш во еден затворен простор со толку многу луѓе?
-Искрено незнам тоа беше еден вид на предизвик, мислев дека тоа би влијаело добро на работата со моделинг и на крај тоа и се потврди, започнаа да пристигаат понуди за реклами, спотови, слики.
Еве баш сега имам соработка со една изворедна компанија за Италијански обувки „Novecento “,  тоа се обувки со кој можете  да го оставите без здив секој маж. 

Во Македонија се појави една информација дека си го изгубила телефонот, а не него се наоѓале некои фотки со „Puff Daddy“дали е тоа вистина?
-За жал да, го загубив својот телефон, меѓутоа сите  напишаа „можеби постојат фотки“, бидејќи  фотографиите  не излегоа во јавност.
Фотографиите се од една забава  на Ибица, сликата беше иста како онаа што беше објавена со Paris Hilton. Замаглена и нејасна… Толку ќе кажам.. (се смее) 
Колку добро се познавате со Puff Daddy?
-Па се запозавме на таа забава, меѓутоа ништо повеќе од една слика.
Кој  ти се плановите за во иднина ?   
-Минатата недела имав испит и ја завршив втората година на факултетот за психологија,  и во план ми е да се посветам на студирањето.

Како те третираат професорите откако стана позната, дали има некоја разлика?
-Не постои никаква разлика,  меѓутоа  на факултет  јас сум тотално друга особа, нема никаква врска со тоа  како сум претставена во јавноста. 

  Чуствуваш ли притисок поради тоа што си позната? 
-Не чуствувам, тоа  се зависи како ти  самиот  ќе го прифатиш фактот дека си јавна личност, едноставно треба да бидеш опуштен.
Тоа е се во тојата глава како ти сам ќе се прифатиш и поставиш пред  другите.

Што се плановите откако ќе го завршиш факултетот?
-Никогаш не правам долгорочни планови, плановите секогаш се менуваат.  
Да кажеме работи кој сум ги сакала порано сега не ги сакам, сето тоа се менува со текот на годините. Сега ми е приоритет да го завршам факултетот и да продолжам со фотографирањето и снимањето.

Колку време ќе бидеш во Македонија и каде?
Па ќе останам неколку денови имам два настапи во Виница и Радовиш, и доколку имам слободно време би сакала да го прошетам Скопје, потоа се враќам во Србија и следната недела сум во Загреб снимам спот за една нумеара. 
Дали ќе ни откриеш за што се работи?
– Никогаш не зборувам за проектите се дур не ги завршам…
Со кој се имаш соработувано до сега?
 – А па со многумина. Имам соработувано  со Дара Бубамара, Цвијо, McСтојан, Гру, Давор Марковиќ…
Дали ти се допаѓаат македонските момци? 
– Па сеуште сум немала прилика да ги запознам убаво, меѓутоа мислам дека Македонците  се многу позитивни, пристојни и фини момци? 

За крај дали си во врска?
-Да имам  дечко и сум среќно заљубена.  
Значи македонците имаат причина да бидат разочарани… 🙂
 
Puls24 е во постојана соработка со Сораја, нашите читатели секогаш ќе бидат известени за нејзините нови проекти. 
 Првото  појавување во јавноста  беше на&nb

Пронајдете не на следниве мрежи: