Михајловиќ повика двајца дебитанти за мечевите со Македонија и Белгија

Loading...

 

Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Синиша Михајловиќ, за квалификационите натпревари со Белгија и Македонија, повика двајца дебитанти.

Михајловиќ нема да може да смета на повредените Душан Баста и Немања Томиќ, додека Миралем Сулејмани е повикан во националниот тим иако има проблеми со лигаментите. 

Играчите кои ќе имаат можност да дебитираат настапуваат во Серија А, се работи за Ален Стевановиќ (Торино) и Ненад Крстичиќ (Сампдорија). 

Играчот на Црвена звезда, Дарко Лазовиќ кој играше на првите две квалификациски средби е  во комбинација за мечевите со Белгија и Македонија бидејќи и се приклучи на младата репрезентација која ќе игра бараж за пласман на СП. 

Михајловиќ за српските медиуми по објавувањето на списокот изјави дека ќе биде задоволен само доколку во престојните два меча неговата репрезентација освои шест бода. Тој истакна дека мечевите со Белгија и Македонија ќе бидат многу потешки од дуелите со Велс и Шкотска. 

„Натпреварот против Велс е моделот на игра според кој сакам да игра мојот тим – висок пресинг, топката да биде на земја, многу куси додавања. Пристапот кон играта беше извонреден и ќе бев задоволен дури и да загубевме на тој натпревар. Секако дека имаше и некои негативни работи и во овој период ќе работиме на нивна исправка“, рече Михајловиќ. 

 

Макфакс

loading...
Loading...