ПМФЛ: Шкендија славеше во дербито со Вардар

Екипата на Шкендија славеше во дербито на 9-тото коло од Првата Македонска Фудбалска Лига, Вардар со минимален пораз се враќа од Тетово.

Ејупи во 21-вата минута му донесе водство на тимот на Шкендија од 1-0 на дуелот со Вардар.

Во 46-тата минута од мечот Остоја Стјепановиќ од пенал успеа да израмни и навести интересна завршница на мечот.

Но, Шкендија преку Таипи во 71-вата минута од мечот успеа да го добие овој меч и да забележи победа од 2-1 во дербито од 9-тото коло против екипата на Вардар.

Резултати…

Силекс-Турново 1-1

Пелистер-Дрита 1-1

Шкендија-Вардар 2-1

Металург-Ренова 4-0

Брегалница-Тетекс 2-0

Работнички-Напредок 0-1

Пронајдете не на следниве мрежи: