Белорусинката Азаренка го освои турнирот во Пекинг

Азаренка во финалето се сретна со Русинката Марија Шарапова, во два сета ја совлада својата противничка со резултати 6-3 односно 6-1.

Еден час и 27 минути и беа доволни на Азаренка да ја совлада Марија Шарапова во финалето на турнирот во Пекинг.

Првиот сет белорусинката Азаренка го доби со резултат 6-3, додека пак вториот го доби со резултат 6-1.

Викторија Азаренка се наоѓа на првото место на ВТА листата.

Пронајдете не на следниве мрежи: