Мажи кои жените ги обожаваат

Без сомнение, постојат три видови на мажи, кои секогаш ќе успеат да соборат некоја девојка. Станува збор за привлечност која постои од памтивек и не е врзана за никаква врска или брак, туку чиста сексуална привлечност. На која комбинација нема да можете да одолеете и вие, размислете сами…

 

 

 

 

1. Тој е силен и мажествен!

 

Тие се силни, алфа мажи, со огромно количество на тестостерон, набиени фраери кои на многумина им го одвлекуваат вниманието. Мажественоста е она кое ги привлекува жените и тие никогаш нема да им одолеат на оние кои се наоѓаат во оваа категорија на мажи. Тргнете од сцените од филмови, во кои се појавува испотен, мускулест и силен маж, ќе сфатите дека жените секогаш ќе бидат привлекувани од нив. Овде не станува збор за никаква длабока емоција, туку чиста сурова страст.

2. Тој има стил!

Елеганција и пристојност, внимателно избрана гардероба и друштво, пристоен парфем и галантен пристап до жените е дефинитивно победничка комбинација. Иако наведените карактеристики даваат обележје дека мора да стане збор за богати мажи, не е потребно да имате многу нули на вашата сметка, сепак доволно е да знаете што сакаат жените а тоа е мазење и пазење. Овој факт уште се нарекува животинска привлечност, бидејќи како што објаснуваат експертите, точно како во животинскиот свет, жените се привлечени од мажи кои даваат обележје на сигурност и цврстина, односно жените сакаат топлина и безбедност.

3. Тој има 'нешто'!

Сите кои сериозно се занимаваат со односите меѓу мажите и жените, пробуваат да сфатат што се подразбира кога ќе се каже дека има 'нешто' во нив. Меѓутоа фактот дека кај некои мажи, иако не постои впечаток дека се 'отров за жени', сепак жените се фасцинирани од нив, токму поради тоа 'нешто' и на тој начин тој маж станува страшно посакуван. Тоа 'нешто', може да биде било што. Тоа може да биде секси поглед, убав глас, убава насмевка, манири и талент, а многу често е поради впечатокот кој го оставаат.

 

Погледнете ги и следниве статии:

3 работи кои мажите ги очекуваат од една жена

7 факти за изневерувањето!

Внимателно со пораките после првиот состанок!

Пронајдете не на следниве мрежи: