Фудбалерите ќе ги започнат подговките за мечевите со Хрватска и Србија

Loading...

 

Фудбалската репрезентација на Македонија, во понеделник, ќе ги започне подготовките за квалификациските натпревари со Хрватска и Србија, кои ќе ги одигра како домаќин во Скопје.

Првиот собир, селекторот Чедомир Јаневски, го закажа во хотелот „Александар Палас“ точно на пладне. 

Во понеделник репрезентативците ќе одржат еден тренинг, во 18 часот на арената „Филип Втори“, до петок кога ќе се одигра натпреварот со Хрватска, репрезентацијата ќе тренира два пати дневно. 

Селекторот за овие два средби во репрезентацијата повика 23-ца фудбалери, а единствено ново име е играчот на кипарски Аполон, Бојан Марковски. 

Натпреварите со Хрватска и Србија ќе се одиграат на 12, односно 16. октомври. 

По две одиграни кола во А групата Белгија, Србија и Хрватска имаат по четири бода, Шкотска има два, Македонија еден, додека Велс е без освоен бод.

 

Макфакс

извор: фото ffm

loading...
Loading...