Лидер на Курдската работничка партија (ПКК) во Европа и уште тројца членови на организацијата беа уапсени кон крајот на минатата недела во Франција во рамки на истрагата за активностите на ПКК, изјавија извори, блиски до истрагата.
Лидерот бил уапсен во Париз заедно со друг член на ПКК, а другите двајца активисти се уапсени во Еврон во западна Франција и во Сент Ван л’Омон во околината на главниот град.
Апсењата се спроведени во рамки на истрагата, која почна на 12 јули, за финансирање на тероризмот и криминално здружување, поврзано со терористички дејности.
Бунтовниците од ПКК од 1984 година се борат за автономија во југоисточна Турција, која е населена претежно со Курди.
Пронајдете не на следниве мрежи: