До каде стигна светот ?

Живееме во свет на големи противречности,на сјај и беда,луксуз и сиромаштија. Еден дел од луѓето околу нас немаат ни за да го минат денот,да купат храна за своите деца,другиот дел живее во раскошни вили,вози луксузни автомобили и носи брендирана облека.
 
Да токму таква е нашата реалност денес,повеќе од сурова за жал. Луѓето од високите општествени слоеви немаат очи и слух за оние лица кои имаат потреба,пред се да преживеат,да го поминат денот со топол оброк,заслепени од сјајот и златото на нивните скапоцени предмети,до нив не допира човечноста и хуманоста.
 
Да бидеш хуман и човечен,треба само да знаеш да помогнеш и да ја подадеш раката на оние на кои им е најпотребна помош,да нахраниш некое гладно дете,а не да се појавиш на некој гламурозен т.н хуманитарен настан во скапо одело,само за да те видат луѓето и медиумите за да кажат пред јавноста колку добар и племенит човек си ти. Во секоја прилика во животот,треба да се обидете да помогнете на оние кои се беспомошни и сиромашни луѓе,во рамките на вашите можности,тоа лично вас ке ве направи подобар човек,а општеството ке станува се поубаво место за живот.Живееме во свет на големи противречности,на сјај и беда,луксуз и сиромаштија. Еден дел од луѓето околу нас немаат ни за да го минат денот,да купат

Пронајдете не на следниве мрежи: