четврток, 12 ноември 2026
Најново

34 заболени од голема кашлица во Македонија, министерот вели невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новиот технички министер за здравство Илир Демири истакна дека на државно ниво е прогласена епидемија и засега има регистрирано 34 заболени од пертусис (голема кашлица).

Тој вели дека невакцинираните деца треба прво да се вакцинираат и да се вратат во градинка.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

„Прво треба да се вакцинираат, па после да се вратат. Мислам дека тоа беше еден од критериумите и препорака од Комисијата за заразни болести. Сите деца кои се вакцинирани треба да одат во градинка. Тие кои не се вакцинирани, треба да ги прашате нивните родители како ќе го организираат чувањето на детето“, одговори Демири.

Тој додава дека ја користа можноста да се обрати до сите, особено на родители кои имаат мали деца, најголемо достигнување во здравствениот систем е вакцинација.

„Затоа замолувам сите да пристапат кон вакцинација на своите деца“, вели Демири.

Поврзани вести