Хилкенберг од следната година во Заубер

 

Пилотот на Форс Индија, Нико Хилкенберг, следната сезона ќе вози за екипата на Заубер, пренесуваат странските медиуми. Германецот со екипата на Заубер ќе потпише двегодишен договор.

Хилкенберг во болидот на Заубер ќе го замени Серхио Перез, кој во сезоната 2013 ќе вози за Мекларен. 

Местото на Хилкенберг во Форс Индија најверојатно ќе го пополни Себастијан Буеми кој е поранешен пилот на Торо Росо, а оваа година е тест возач на Ред Бул. 

Хилкенберг во Формула 1 дебитираше во 2010 година, во болидот на Вилијамс. Истата година стигна и до единствената пол позиција, кога беше најбрз во кавлификациите во пресрет на трката за Големата награда на Бразил. 

По само една година тој го напушти Вилијамс и се пресели во Форс Индија, во 2011 беше тест возач на тимот, а оваа година заедно со Пол ди Реста ја сочинува возачката постава. 

Хилкенберг во досегашната кариера има извозено 34 трки на кои има освоено 59 бодови.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: