FIS нема да ја укине суперкомбинацијата

 

Првиот човек на Меѓународната скијачка федерација (FIS) Џанкарло Каспер изјави дека не постојат никакви планови натпреварите во суперкомбинација, кои се возат во Светскиот куп, да бидат укинати во блиска иднина.

„Нема никакво сомнение дека комбинацијата е исклучително интересна дисциплина. Таа и понатаму ќе биде во програмата“, рекол Каспер. 

Директорот на машките трки во Светскиот куп, Гинтер Хујара, потврдил дека постојат планови кои оваа дисциплина би ја направиле уште поинтересна и попривлечна. 

„Комбинацијата е одличен деловен модел. Во Кицбил би можеле да го имаме вообичаениот супервелеслалом, чии резултати би се сметале во комбинација, а потоа навечер би се возел слаломот, тоа би била совршена ноќна трка“, рекол Хујара. 

Новата сезона во Светскиот куп, во двете конкуренции, ќе стартува во австрискиот Зелден на 28 и 29 октомври, кога на програмата ќе бидат трките во велеслалом.

 

Макфакс

извор: б92

Пронајдете не на следниве мрежи: