Илиевска освои бронза во Тузла

Loading...

 

Најдобрата македонска каратистка, Наташа Илиевска, освои бронзен медал во категоријата до 55 килограми на Медитеранското карате првенство, кои викендов се одржа во Тузла.

„ За нас ова Медитеранско првенство имаше само контролен карактер односно ние заминавме со единствена цел да  видиме до каде сме со специфичниот дел од нашата подготвеност. Ги видовме сите недостатоци кои треба да ги поправиме и се надевам дека со добра завршна припрема ќе направиме Наташа Илиевска да биде конкурентна за еден од медалите или повисоки пласмани на светското првенство во Париз“, рече селекторот на репрезентацијата Бошко Заборски. 

На Медитеранското карате првенство учествуваа спортисти од 10 земји: Франција, Италија, Турција, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Македонија, Кипар и домаќинот Босна и Херцеговина. Секоја држава имаше право да пријави по двајца најдобри сениори во секоја тежинска категорија.

 

Макфакс

loading...
Loading...