Видео: Си поигруваше со одбраната на Милан, за Вардар е “непотребен“…

Loading...

Абрахам Алечену, нигерискиот фудбалер кој беше најавен како големо засилување за тимот на Вардар но сепак трансферот пропадна, тој во кратко интервју за „Пулс24“ наведе дека сеуште е во потрага по клуб, избегнувајќи го одговорот на прашањето „Зошто пропадна трансферот во Вардар“.

Станува збор за одличен фудбалер, квалитетот е неспорен, има настапувано за екипите на Динамо од Тирана, Елбасан, Ираклис, Фљамуртари, потоа требаше да се префрли во Вардар но ништо од тој трансфер.

Само шпекулации се ширеа околу заминувањето на Алечену од Вардар, некои од претпоставките беа дека за Вардар е прескапо ова засилување, некои одеа до таму што дури „Црвено-црните“ поради големата конкуренција на таа позиција се одлучиле на таков чекор…

Спортската редакција на „Пулс24“ успеа за момент да стапи во контакт со нигериецот но за жал не одговори на прашањето како пропадна трансферот во Вардар.

„Сеуште сум во добра форма, се надевам дека ќе најдам адекватен клуб каде ќе го покажам и докажам мојот квалитет“ изјави на кратко Алечену.

Насловот не е измислица… доволно е да го погледнете видео прилогот од пријателскиот меч меѓу екипите на Динамо и Милан, погледнете ја прекрасната техничка подготвеност на нигериецот, импресионирачки…зар не…

Спортската редакција на „Пулс24“ ќе направи обид да лично од Абрахам Алечену ги дознае деталите околу пропаднатиот трансфер на Абрахам Алечену во Вардар.

Фото: fkvardar.mk

loading...
Loading...