Местачите Бојиновиќ и Онрубија се вратија во тимот на ПСЖ

 

Ракометарите на Пари Сен Жермен, Младен Бојиновиќ и Самјуел Онрубија, кои се под истрага поради нелегално обложување и местење натпревар, се вратија во тимот.

Во центарот на обложувачкиот скандал кој до темел го потресе францускиот ракомет се браќата Карабатиќ. Бојиновиќ и Онрубија минатата сезона беа играчи на Монпелје.

Двајцата ракометари поради истрагата порпуштија две средби на ПСЖ, а тренерот Филип Гарден изјави дека нема проблем да ги врати во првиот тим, но само доколку процени дека се фокусирани на тековните обврски.

За разлика од играчите на ПСЖ, другите осомничени, на чело со Никола Карабатиќ и натаму се под посебни мерки на надзор и од истражните органи не добија дозвола да се вратат во својот тим Монпелје.

 

Макфакс

 

Пронајдете не на следниве мрежи: