Тони Надал: Роџер е подобар од Рафа

 

Роџер Федерер е подобар тенисер од Рафаел Надал изјавил стрикото на шпанскиот тенисер, Тони Надал.

„Федерер во последно време игра на високо ниво и останатите играчи од врвот ќе мора напорно да работат за да го победат. Најмногу турнири се играат на бетон, а тоа му одговара на Роџер. Федерер е еден од најголемите играчи во Опен ерата, подобар е од Рафа, тоа е вистина, титулите зборуваат најмногу“, рекол стрикото на Надал, кој воедно е и негов тренер.

„Надал има подобра скор во дуелите со Роџер, но и Давиденко има позитивен скор со Рафа, па ќе се согласите дека Надал е подобар тенисер. Рафаел многу го почитува Федерер, низ годините имаат развиено коректен однос. Рафа вредно работи како што побргу би се вратил на терените, за две недели ќе започне да тренира“, рекол Тони Надал. 

Рафаел Надал, поради повреда на коленото не игра уште од Вимблдон, кога во второто коло загуби од Лукаш Росол.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: