Најдолгото навивачко знаме на светот

 

Навивачите на аргентинскиот фудбалски клуб Ривер Плејт го претставија најдолгото навивачко знаме на светот. Должината на знамето изнесува неверојатни 7.829 метри и 74 сантиметри.

Приврзаниците на еден од најпопуларните аргентински клубови се надеваат дека ќе влезат во Гинисовата книга на рекорди, актуелниот рекорд е во сопственост на нивните ривали, навивачите на Розарио Централ. Нивното знаме има должина од 4.350 метри. 

Повеќе од 15 илјади луѓе го носеле знамето низ улиците на Буенос Аирес, од стариот стадион на Ривер па се доновиот Монументал.  

Знамето за мерењето за Гинисовата книга ќе биде исечено на помали парчиња, кои ќе бидат изложени во музеите, владините згради и разни други спортски објекти.

 

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: