Вардар и Металург против екипи од БиХ во СЕХА лигата

Loading...

 

Ракометарите на Вардар Про и Металург, во вторник, ќе ги одиграат натпреварите од четвртото коло во СЕХА лигата.

Македонските претставници во ова коло за противници ќе имаат екипи од Босна и Херцеговина. 

Вардар Про, кој по три кола има две победи и едно реми, на домашен терен, во СРЦ Кале, ќе го пречека тимот на Извиѓач. Босанскиот тим е должник на „црвено-црните“ од минатата сезона, бидејќи ги елиминира од натпреварите во ЕХФ купот. 

Натпреварот во Скопје ќе започне во 18 часот. 

Во истиот термин Металург, во Добој ќе и гостува на екипата на Слога. Македонскиот првак, во вторникот, во комбиниран состав, отпатува за Добој. 

Деветмина стандардни првотимци останаа во Скопје каде се подготвуваат за гостувањето кај Силкеборг во Лигата на шампиони. За натпреварот со Слога можност за настап ќе добијат младите играчи од Металург Јуниор.

 

Макфакс

loading...
Loading...