„Кјуриозити“ на Марс ја издупчи првата дупка и наиде на блескав предмет

Роверот „Кјуриозити“ на површината на Марс ја издупчи првата дупка и наиде на блескав предмет.

Од НАСА соопштија дека „Кјуриозити“ ја ископал првата дупка на површината на Марс. Експертите претпоставуваат дека пронајдениот блескав предмет е дел од роверот, но ќе прекинат со дупчењето додека не утврдат за што точно станува збор.

„Кјуриозити“ веќе испрати фотографии од камено корито што сугерира дека на Црвената планета некогаш течеле реки.

Роверот на Марс слета на 5 август, со задача за време на двегодишната мисија вредна 2,5 милијарди долари, да открие дали некогаш имало живот. Денеска Марс е замрзната пустина, но истражувањата покажуваат дека во минатото бил потопол и имал вода.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: