Италија ги распушти властите на Калабрија-поради мафија

Италијанската влада донесе со која се распуштаат властите на градот Калабрија, откако еден градски советник беше уапсен поради поврзаност со мафијата.

Министерката за внатрешни работи Анамарија Кансењери соопшти дека одлуката уследила откако администрацијата на Калабрија се најде под лупа на истражителите, поради апсењето на еден советник.

Таа појасни дека одлуката е донесена со цел да се спречи било каква можност администрацијата на калабрија да се „зарази“ со мафијата.

Калабрија, која се наоѓа на крајниот југ на Италија, е седиште на моќната мафијашка организација Ндрангета.

Сега со градот ќе управуваа тројца комесари, до одржувањето на следните локални избори.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: