Јосип Леко избран за претседател на хрватскиот Сабор

Јосип Леко од СДП, во среда едногласно е избран за претседател на хрватскиот Сабор, висока должност на која го наследи неодамна починатиот партиски колега Борис Шпрем.

Досегашниот потпретседател на Саборот и вршител на должност претседател на Саборот, Јосип Леко, за нов претседател на парламентот го избраа 123 пратеници колку што се собраа во собраниската сала.

За потпретседател на Саборот, исто така, едногласно имаше предлог на владејачката коалиција, избрана е пратеничката Драгица Згребец.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: