Киел ја декласираше Константа

Loading...

Германски Киел со 35-14 едноставно го демолираше Романскиот претставник Константа во Лигата на Шампионите, на полувремето му дозволи да постигне само 7 погодоци.

Големиот фаворит си ја оправда својата фаворитска улога совладувајќи го со огромна разлика тимот на Константа од Романија со 35-14.

Освен оваа победа, стручниот штаб на тимот се одлучи да ги одмори Маркус Алм и Арон Палмерсон, а со намалена минутажа играше Филип Јиха кој погоди само еднаш во мрежата на Константа.

На другиот натпревар, Шафхаузен против Загреб го искористи домашниот терен и славеше со 28-27.

loading...
Loading...