Најскапите хотели во светот

Loading...

Најскапите хотели веќе со години се лоцирани во руската метропола Москва, а меѓу првите 20 хотели, дури 10 се наоѓаат во Европа. 
 
Просечната цена на една ноќ во хотелска соба во Москва изнесува 328 евра. На второ место се наоѓа најголемиот нигериски град Лагос, со просечна цена од 276 евра од ноќевање. Се смета дека оваа ова е последица на неверојатниот раст на нафтената индустрија во оваа афричка држава.
 
На третото и четвртото место повторно се наоѓаат европски градови; Женева со 275 евра, односно Цирих со 268 евра од ноќ. Следен на листата е Рио де Жанеиро со 260 евра ноќевање. Како што цените на хотелите растат во одредени градови, региони и држави, така веќе неколку години цените на ноќевање во хотелите во Даблин, Мадрид и Барселона паѓаат, и веќе некое време не се наоѓаат на листата на градови со најскапи хотели во светот.
 
Во прилог ви претставуваме 20 од нив.
20. Истанбул – 210 евра
19. Рим – 212 евра
18. Сингапур – 213 евра
17. Копенхаген – 215 евра
16. Франкфурт – 217 евра
15. Сао Пауло – 218 евра
14. Токио – 226 евра
13. Осло – 229 евра
12. Сан Франциско – 229 евра
11. Стокхолм – 243 евра
10. Вашингтон – 244 евра
09. Париз – 247 евра
08. Хонк Конг – 248 евра
07. Сиднеј – 252 евра
06. Њујорк – 259 евра
05. Рио де Жанеиро – 260 евра
04. Цирих – 268 евра
03. Женева – 275 евра
02. Лагос – 276 евра
01. Москва – 328 евра

loading...
Loading...