Мало потсетување и добро смеење – Луд, збуњен, нормалан

Серија во која се зборува за едно тричлено семејство, во која се прикажани случувањата, сплетките и невообичаените секојдневни ситуации од животот. Серија која во моментите на своето прикажување доживеа огромна популарност и гледаност на целиот Балкан. 

Како главен лик се појавува Изет Фазлинович, кој е вдовец и има околу шеесет години. По убедување во серијата е тежок комуниста и секогаш кога му е потребна помош тој се обраќа пред сликата на Јоси Броз Тито. Главен организатор за разни превари, алчен покрај неговите комунистички ставови со тоа што на своите најблиски секогаш им работи за пари. 

Покрај Изет, да не го зборавиме се појавува и Фарук, синот на Изет. Тој работи како музички продуцент и поседува музичко студио. Голем противник на татко му Изет со кого постојано се во конфликт. Неговото секојневие се базира на ден поминат во барот близу неговото студио. Честото смислување и идеи како да дојде до солидна заработувачка се главните карактеристики на Фарук.

Воедно да ги споменеме и Дамир синот на Фарук, легендите како Чомбе, Дино, и Рефко кои исто така со своите несекојдневни ситуации допринесуваат за уште поголемиот хумористичен карактер на самата серија.

Уживајте со видеото во прилог.

 

Погледнете ги следниве статии: 

GANGNAM STYLE – во сите филмови!

Fail компилација за септември

Пронајдете не на следниве мрежи: