ЕУ доби Нобелова награда за мир

Норвешкиот нобелов комитет реши Нобеловата награда за мир за 2012 година да ја додели на Европската унија.

Унијата и нејзините лидери повеќе од шеат децении придонесуваат за одржување на мирот и помирувањето, демократијата и човековите права во Европа, велат од Комитетот.

За време на војната, Норвешкиот нобелов комитет награди неколку личности кои бараа начин за помирување на Германија и Франција. Од 1945 година помирувањето стана реалност.

Страдањето од Втората Светска војна демонстрираше потреба од една нова Европа.

Во период од повеќе од седумдесет години Германија и Франција водеа три војни.

Денес, војна меѓу Германија и Франција е незамислива. Ова покажува како со добро планирани напори и изградба на меѓусебна доверба, историските непријатели станаа блиски партнери.

Во 1980 тите, Грција, Шпанија и Португалија се придружија на ЕУ. Презентација на демократијата беше услов за нивно влегување во унијата.

Падот на Берлинскиот ѕид го овозможи влезот на неколку земји од Централна и Источна Европа, со што се отвори ново поглавје во историјата на Европа.

Демократијата зајакна, многу војни на етничка основа запреа…

Тоа што Хрватска станува членка следната година, отворањето на преговори со Црна Гора, и кандидатскиот статус на Србија го зајакнува процесот на помирување на Балканот.

Во последната декада, можноста Турција да стане членка на ЕУ придонесува за демократијата и човековите права во земјата.

ЕУ во моментот се наоѓа во економски тешкотии и социјални проблеми.

Норвешкиот нобелов комитет посакува да ЕУ да се фокусира на најважните резултати? Успешна борба за мир и помирување , како и за демократија и човекови права.

ЕУ како стабилизирачки фактор помогна европскиот континент од континент на војни да премине во континент на мир.

Работата на претставниците на ЕУ, `братство на нации`, и бројните конгреси за мир се дел од критериумите на Алфред Нобел за Наградата за мир запишана во неговиот тестамент во 1895 година.

Макфакс

Пронајдете не на следниве мрежи: